Листа на желби: Пролетното карирано мантилче од Bershka

Додека зимата се уште трае, со нетрпение ѕиркаме во пролетните колекции на популарните „хај стрит“ модни марки кои полека ги лансираат првите модни парчиња дизајнирани за првите сончеви денови. Па така, „налетавме“ на преслаткото карирано мантилче од Бершка, модно парче поради кое едвај ја чекаме пролетта.

Мантилчето е во сива и розова боја, со класичен крој и со ракави со 3/4 должина. Ременот ја нагласува женственоста (и струкот) што го прави лесно за комбинирање со покласични, како и со спортски, модни комбинации.

Во продолжение, погледнете го „одблизу“.

 

 

x

Check Also

Тајните ерогени зони на хороскопските знаци

Секој хороскопски знак има најмалку една или две скриени ерогени зони на ...