Листа на желби: Сребрените високи чизми од H&M

Претпоставувате кој е најбаран модел на чизми од еснеските колекции на „хај-стрит“ модните марки? Не се тоа црвените чизмички-чорапи, туку сребрените – огледало чизми од Х&М со потпетица од 9.5 сантиметри.

Чизмите се со висина до колениците, однапред се малку повисоки од практични причини – може да седнете и да ги прекрстите нозете без чизмите да имаат контакт со вашата кожа. Дополнително, чизмите на долниот дел кај потпетиците имаат гумена подлога која гарантира – и покрај висината на самата потпетица – сигурно и лесно да се движите.

Комбинирајте ги со треновска карирана сукња за деловен изглед, а со мини фустанче за вечерни излегувања. Всушност, облечете ги со што сакате, во сите комбинации неверојатно добро „стојат“.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...