Листа на желби: Точкастите комбинезонки од MANGO

Први на нашата шопинг листа за стилски почеток на пролетта ги ставаме комбинезонките во сина нијанса со кремасти точки од модната марка Манго.

Популарните точкасти материјали продолжуваме да ги носиме и во сезоната пролет/лето 2019. Ги обожуваме кога се на фустаните, но уште пошармантни се кога се во дизајн на комбинезон.

Точкастите комбинезонки од Манго имаат нагласен струк со ремен што ги прави ултраженствени. Моделот пак, кој е идентичен на кошула-фустаните, ги прави практични и едноставни за носење. За вечерни излегувања додаваме предимензионирани обетки, впечатлива чантичка и сандали со висока потпетица. За дневни варијанти пак, може да ги носиме со рамни сандали, плетена чантичка и марама како украс во косата.

Достапни се во продажба во продавниците Манго, како и во оналјн продажба на официјалната страница на Фешн Груп – ТУКА. 

 

x

Check Also

Поглед на колекцијата на Pal zileri за сезоната есен/зима 2019

Модната марка Pal zileri ја лансираше рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2019. Зад ...