Листа на желби: Црното плишано сако од MANGO и синото сако од GUESS

Почнавте ли да размислувате со што ќе се подновите за празничната, декемвриска сезона?

Ви предлагаме, да почнете да размислувате за шопинг на едно добро сако, кое може да го носите и после празниците и тоа – во кежуал-шик варијанта.

Две такви сако-а најдовме во нашите продавници – во Манго и во Гес. Првото, (од Манго), со многу простојна цена, е црно и плишано што го прави свечено кога се комбинира со фустанче, комбинезон, панталони со кошула.

Mango

Второто, од Гес, „вришти“ од елеганција и секако ќе ја поткрене секоја модна комбинација.

Guess

Предноста на двете сакоа е во тоа што – и да ги облечете со фармерки  и трендовски чизми – ќе добиете „вау“ ефект.

x

Check Also

Анастасија Ј. Гапиќ: Трендовска плус-сајз колекција за есен-зима за жени со самодоверба

За трендот оваа сезона есен-зима за дамите со облини, како и потребата ...