Листа на желби: Црвените сандали од MANGO

На врвот на нашата шопинг листа ги забележуваме црвените сандали – папучки од Манго. Не се сомневаме дека ќе станат хит на пролетниот асфалт.

Моделот е изработен од „превртена“ кожа, во свежа нијанса, а украсен е со впечатливи панделки што им додава дополнителна женственост и шарм.

Сандалите се одлични за секакви дневни и вечерни пригоди, а ние би ги носеле со тесна сукњичка или со лелеаво фустанче.

x

Check Also

Новата колекција на ZARA нè подготви за лето 2021

Сонувате за летото и плажите? Модната марка Zara веќе не однесе таму, ...