Американската супермоделка Кендал Џенер е лице на кампањата #Bornin1995, на Liu Jo , која го слави 25-от роденден на популарната марка.
Модната марка Liu Jo е родена во 1995 година – во период на големата естетска револуција. Брендот „Made in Italy“ типуваше на современа и карактеристична гардероба, способна да одговори на дневните потреби на облека за сите жени. Резултатот? Колекции што секогаш ги тераа жените да се чувствуваат полни со самодоверба, модерни и убави.
#Bornin1995 не е само кампања, туку порака која го раскажува минатото. Фотосесијата е реализирана од славното дуо Мерт и Маркус, а пред нивниот фото-објектив позира најбараната моделка – Кендал Џенер. Џенер ги претставува истовремено двете лица на брендот – првото, автентично и рок, второто шик и женствено.
Инаку, во пролетната колекција на Liu Jo доминира тексасот.