Лижавчињата Chupa Chups отсега и кармини

Chupa Chups, познати по лижавчињата насекаде низ светот, лансираа своја бјути линија „Chupa Chups Beauty“. Нивната декоративна козметика со молскавична брзина станува голем тренд, а се разбира дека очекуваме овој тренд да пристигне и кај нас. Најбарани се кармините и сјаевите за кои доаѓаат во три нијанси – силно розова, црвена и портокалова.

Инаку, кармините и сјаевите за усни одговараат на класичните Chupa Chups вкусови – јагода со крем, јагода и портокал.

Реакциите од девојките кои ја пробале оваа козметика се дека едвај се воздржуваат да не ги изедат производите кои ги нанеле на своите усни.

Chupa Chups сјаевите се продаваат по цена од 9 долари.

x

Check Also

Емили Ратајковски се придружи на Клубот Kerastase!

27 годишната манекенка беше домаќинка на настанот во Холивуд, организиран од марката ...