Лоба со ТФМ тренинзи ослабе -1,3 килограми и -33 сантиметри намалена во обем  

Познатата пејачка Викторија Лоба по само една завршена ТФМ програма ослабе -1,3 килограми и –33 сантиметри намалена во обем. Вежба со личен тренер кој за неа креира специјална програма преку холандската термо физичката метода (ТФМ) како и со кардио вежби кои дополнително го обликуваат телото.

„Долгите и напорни работни денови со подготвување на настапи и останатите активности не ми дозволуваа да вежбам по неколку часа. ТФМ за мене е идеален затоа што вежбањето трае до 30 минути. Тимот на Fit Family со искрениот пристап ми направија да се чувствувам како дома“ вели Викторија Лоба, пејачка.

Вежбањето се одвива во кабината која е затоплена со инфрацрвена лампа преку која инфрацрвените зраци создаваат температура меѓу 34 и 37 степени. Топлината на зраците длабоко делува на мускулите, ја стимулира циркулацијата и со тоа се стимулира процесот на топење на маснотиите. Се вежба во лежечка позиција во која клиентот ги изведува сите вежби, исклучително под надзор на личен тренер. За да има резултат треба да се вежба минимум два пати во неделата, во времетраење од само 20 до 30 минути.

„Задоволство е да се работи со Лоба, затоа што многу е важно кога познатите личности даваат позитивен пример на останатите за здрав животен стил. Ние не сме ограничени во однос на возраста, кај нас вежбаат различни генерации кои знаат што сакаат во животот а од нас добиваат комплетна грижа со план за вежбање и исхрана. Сакаме секоја девојка или жена да биде здрава и исполнета, среќна во нашето студио за вежбање“ додаде Софка Муфишовска, тренер и сопственик во Fit Family.

Во студиото имаат индивидуални но и групни тренинзи за млади но и за возрасни, така што ги опфаќаат сите генерации на жени.

x

Check Also

Кога е најдобро, а кога најлошо да се почне со диета

Една од најтешките одлуки кои ја имаат луѓето со вишок на килограми ...