Лондон добива нова атракција – Tulip Tower

Објектот наречен Tulip Tower (Лале Зграда) наскоро ќе биде вистинска атракција во Лондон, а името го носи по предвесникот на пролетта – лалето.

Освен што со својот изглед личи на лале, оваа кула не буди од длабокиот зимски сон со своите богати содржини. Кулата е висока 305 метри, а со тоа е и втора највисока зграда во Лондон.

Од врвот на Tulip Tower посетитетите ќе имаат фантастичен поглед на цел Лондон, земајќи предвид и тоа што горниот дел на зградата ќе ротира. На самиот кров пак, ќе има градина. Освен за туристи, оваа лондонска атракција ќе биде од голема полза и за жителите на Лондон зашто во нејзиниот состав ќе се наоѓаат и простории за учење. Се предвидува 20.000 лондонски ученици секојдневно тука бесплатно да учат и истовремено да уживаат во погледот.

Изградбата се планира да започне следната година, а своите врати Tulip Tower ќе ги отвори во 2025.

x

Check Also

Во Дубаи се отвори фасцинантен вегански ресторан

Дубаи содржи бројни ресторани со Michelin ѕвездички, но сега станува збор за ...