Лондон фасцинира во новогодишна облека

Главниот град на Велика Британија, Лондон, и годинава очекува посета на милион туристи за време на Божиќ и Нова година, а главните плоштади и улици се шик-украсени.

london 9

Илјадници луѓе периодот пред празниците го минуваат во луна-паркот Винтер Вондерфул кој е поставен во лондонскиот Хајд парк, додека бутиците на Реџент и Оксфорд стрит, како и Хародс, украсени се со светлики и празнично шаренило.

london 6

На плоштадот Трафалгар и годинава е поставена елка подарена на Лондон од Осло, во знак на благодарност за помошта во Втората светска војна. Осло од 1947 година традиционално му подарува елка на Лондон која се поставува на овој плоштад.

london 1

Економските аналитичари тврдат дека поради економскиот раст во Велика Британија ќе биде забележан и поголем трговски промет.

london 3

Британскиот центар за истражување пак, ги објави резултатите кои покажуваат дека во текот на овие празници се очекува промет од 72,5 милијарди фунти.

london 4

london 5

london 7

london 9

 

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...