И годинава лондонскиот бар Артезиан е прогласен за најдобар бар во светот. За овој бар ова е четврта титула последователно.
Барот се наоѓа во лондонскиот хотел Langham, а прочуен е по коктелите. Годинава барот го привлече вниманието со менито наречено Надреализам, инспирирано од делата на Салвадор Дали. Бармените Алекс Кратен и Сајмон Капорал се најодговорни за успехот на Артезиан.
Коктелите во овој бар се сервираат во специјално дизајнирани чаши, на пример, годинава популарниот „Les Diners de Gala” се послужува во големи бакарни мравки намирисани со парфем.