Лонли Планет: Македонија треба да ја посетите во 2020

Реномираната компанија „Лонли Планет“ (Lonely Planet), специјализирана за туризам и патувања, ја објави листата на препорачани дестинации за патници за 2020 година.

На оваа престижна листа, на високото трето место на топ 10 земји кои треба да се посетат во 2020, се најде Македонија.

Листата е направена преку интервјуа со автори, уредници, туристички експери и влијателни луѓе, а содржи топ 10 земји , 10 региони и 10 градови кои треба да се посетат во 2020 година.

Секоја област е одбрана на основа на искуство и земајќи го предвид „wow“ факторот.

Од „Лонли Планет“ велат дека Македонија треба да се посети бидејќи е реномирана гастрономска дестинација, има нови авионски линии (значи, лесно достапна), а има и сè повеќе причини за земјата да се истражи, освен „wow“ планините со драматични врвови и недопрената природна убавина.

На првото место на топ 10 земји за 2020 е Бутан, а на второто Англија.

Во категоријата на градови, на првото место се најде Стразбур, а по него, Вашингот и Каиро, додека во категоријата региони, првите три места припаднаа на Патот на свилата (централна Азија), италијанските Марки и Тохоку во Јапонија.

x

Check Also

Будва – лето кое трае

Доколку досега не сте ја посетиле Будва во септември или октомври, тоа ...