Лорен раскажана од Софија: Документарен филм кој го отвора прозорецот кон жената зад велот на иконата

Режисерот Марко Спањоли во документарниот филм посветен на Софија Лорен ни открива детали од животот на најнаградуваната италијанска актерка, која тукушто го прослави својот 80-ти роденден.

sl1

Документарниот филм на Спањоли посветен на Софија Лорен, како дел од серијата „Митски жени“, премиерно беше прикажан на неодамнешниот филмски фестивал во Венеција. Пошироката публика имаше можност да го види на роденденот на Лорен, на 20 септември, на телевизискиот канал Скај Италија, а останатите ќе треба да го почекаат неговото најавено поставување на Јутјуб.

Комлицираниот и понекогаш контрадикторен карактер на филмската ѕвезда е совршено прикажан во 40-минутниот филм кој содржи уникатни снимки од нејзините јавни настапи, видео интервјуа за нејзиниот живот, како и снимки зад сцената на снимањата на некои од нејзините незаборавн филмови.

x

Check Also

Што открива за вас вашата омилена чоколада

Која чоколада ви е омилена? Секој вкус открива по некоја човечка карактеристика. ...