Лош моден избор на Ева Лонгорија: Фустан кој визуелно додава килограми

По породувањето, глумицата Ева Лонгорија ја покачи телесната тежина, но додека се бори со килограмите, би требала да внимава повеќе на модниот избор.

Но, овојпат, Лонгорија се одлучи за фустан кој дополнително, визуелно, додава килограми.

Имено, на гала настанот Глобал Гифт кој се одржа во хотелот Сент Реџис во Мексико, славната 43годишна глумица се појави во фустан со светликави апликации и волуминозен додаток кој ја проширува и скратува фигурата. Сепак, без разлика на „несреќниот“ избор на фустан, Лонгорија блескаше и беше одлично расположена.

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...