Лошите момчиња се повторно во мода? Или важно е да си секси како новиот Јагуар?

Ако треба да се одлучиме за најсекси автомобил лансиран во 2013 година, одлуката ни доаѓа лесно – Јагуар Еф-Тајп Купе.

jaguar 2

Освен спортската линија, има и нешто друго што го прави толку секси овој автомобил. Рекламниот спот. Имено, маркетинг тимот на Јагуар одлучи во спотот да вклучи три суперѕвезди- глумците Том Хидлстон и Марк Стронг во друштво на неодоливиот Бен Кингсли.

jaguar 1

Слоганот на кампањата „Добро е да си лош“ е оправдан со спотот од 30-секунди во кој Бен Кингсли глуми британско лошо момче. Секси лошо момче.

Целосната кампања која ги вклучува тројцата глумци ќе биде пуштена за две недели.

Прашањето е, дали имиџот на лошо момче е повторно во мода? Или важно е само да си секси?

 

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (10. до 16. август): Нови можности за Лавовите, незаборавни денови за Раковите, среќни средби за Девиците

Оваа недела планетата Меркур ќе заблеска во знакот на Лав, подготвена да ...