Љубовен хороскоп за 2019: Романтика за Биковите, искушенија за Раковите, промена за Водолиите…

Што ве очекува на љубовен план во 2019 година? Прочитајте во годишниот хороскоп.

Овен – Половина година во љубовни тензии

Во првиот дел од годината, за жал, драги Овни очекувајте затегнување на интимните односи. Работите може да излезат од контрола, па затоа воздржувајте се од кавги со партнерот ако не сакате да дојде до прекинување на врската. Вториот дел од годината е многу подобар! Сепак, внимавајте – ако сакате хармонија на љубовен план, мора да бидете искрени и со себе и со саканото лице. Решавајте ги проблемите и не оставајте ништо на случајноста. Осамените Овни ќе имаат најмногу можности за нови, убави средби на крајот на летото.

Бик- Романтична година

Годинава ќе добиете полна поддршка од партнерот и од сите сакани лица.  Цела година ќе биде во знакот на романтиката, а вашата способност за комуникација и доверувањето на партнерот ќе ви донесат уште постабилна врска. Оние кои ќе започнат нови врски, особено во пролетта, кога многу Бикови ќе се вљубат, треба да внимаваат да не се впуштаат веднаш во креирање на сериозни планови, туку прво убаво да го запознаат партнерот. Осамените Бикови сигурно ќе најдат сродна душа! Во текот на целата година ќе имате поддршка и од пријателите кои ќе стануваат се побројни, особено во мај и во јуни кога во животот ќе влезат нови пријателства.

Близнаци – Уживајте во тоа што го имате

2019 година за Близнаците не треба да биде во знакот на носење на големи одлуки. Шансите се големи дека ќе посакате да го смените животот во првата половина на годината, но премислувањата ќе ви носат само стрес. Можеби би било многу подобро ако го цените тоа што веќе го имате! А имате – одлични пријатели и семејство кое ве разбира, затоа подобро е да ги развивате овие односи. Забавете малку, уживајте во малите детали, и престанете да мислите дека тревата е позелена на друго место. Наместо тоа уживајте во лускузот на спокојството кое ви го носи 2019. Осамените Близнаци може да очекуваат фатална врска дури кон крајот на есента и почетокот на зимата.

Рак – Година на искушенија

Почетокот на годината ќе биде полн со искушенија за Раковите. Односите кои се обидувавте да ги подобрите или исправите, лесно можат да тргнат во спротивна насока. Во текот на овој период, разберете дека се зависи од вашето однесување. Затоа, драги Ракчиња, бидете внимателни со вашите зборови и обидете се да вежбате трпение. Не заборавајте дека вие не сте секогаш во право! Оние кои се во врска, треба да посветат повеќе време слушајќи ги потребите на партнерот, и заедно работете на подобрување на вашите односи. Вложувањето во љубовта е задолжително во првиот дел од годината ако сакате да го зацврстите вашиот меѓусебен однос. Осамените Ракчиња ќе имаат можност за нови средби, но сепак, не треба да брзаат со влетувањето во врски, зашто постои голема можност тие да се погрешни.

Девица – Не барајте се одеднаш!

Слабите врски основани во 2018 година, за многу Девици лесно ќе „пукнат“ уште на почетокот на 2019. Оние пак, кои се постабилни, во првите три месеци од годината можат да бидат сериозно разнишани, а ќе биде потребно време да ги решите проблемите. Не очекувајте работите едноставно да се решат само затоа што сакате се одеднаш! Оваа година ќе биде идеална да поработите на односите, дури и вклучувајќи стручна помош. Во јуни ќе бидете во многу подобра позиција што се однесува до давање и примање на љубов. Јули пак, ќе биде клучен месец за осамените срца – големи се шансите да влезат во сериозна врска која ќе трае…Убавата вест е што пријателите и семејството ќе бидат постојано до вас во 2019, затоа посветете време на луѓето кои ве сакаат и ќе добиете многу за возврат!

Вага – Тренирајте доверба!

Новата романса самошто не се распламтила! Понекогаш многу страст може да ве донесе до паника. Но, желбата за поседување, драги Вагички, воопшто не е романтична. Обидете се во 2019 година да не ја контролирате врската. Ако се чувствувате преплавени со љубов, не бегајте, туку препуштете се. Забавете малку и опуштете се. Тренирајте доверба, како во романтичните, така и во платонските врски или бидете подготвени за несогласувања во летните месеци. Осамените Ваги, во смисла на пронаоѓање нови пријатели или нова љубов, ќе мора да бидат отворени за сите. Годишниот хороскоп покажува дека без разлика кој пат да го одберете, мир и хармонија ќе преовладува во ноември и декември.

Шкорпија- Занесна енергија и креативност

На вас, драги Шкорпии, страста и љубовта никогаш не ви недостигале. Вам ви е секогаш јасно што сакате и обично тоа лесно го добивате. Карактеристика која ви недостига е поврзување со луѓето, а во 2019 година токму оваа шанса ќе ви биде дадена бројни пати на „тацна“. Ако сте интровертни, вашиот партнер ќе ве замоли да се отворите, направете го тоа! Годината ќе биде полна со занесна енергија и креативност. Пренесете нешто од оваа енергија на меѓучовечките односи и ќе бидете изненадени од напредувањето кое може да го остварите. На почеток ќе ви биде непријатно, дури и застрашувачко. Ако сте пак, без партнер, што никогаш кај вас не трае долго, па ни во 2019, бидете стрпливи и чекајте да се појави една посебна личност.

Стрелец – Проблематична година

Љубовниот годишен хороскоп за вас, драги Стрелци, покажува дека е пред вас една проблематична година. Тоа се однесува и на партнерствата (љубовни), но и на пријателствата воопшто, како и на семејните односи. Меѓутоа, можеби не е лошо да дознаете на кого може да сметате во иднина. Што се однесува до вас, ќе бидете во топ форма во 2019, со сите ваши квалитети кои ве прават толку привлечни. Токму тоа може да предизвика љубомора кај некои пријатели кои се чувствуваат загрозени во ваша близина. Немојте да носите никакви важни одлуки, но немојте ни да се ограничувате. Спријателувајте се со кој сакате. Тоа е ваш живот. А од друга страна, слободно оддалечете се од пријателите кои ве кочат и имаат зајадливи коментари. До крајот на годината – вашите вистински пријатели, значително проретчени, но баш вистински, ќе бидат до вас. Како и една посебна личност!

Јарец – Недостаток на енергија

Во однос на социјалниот живот, 2019 година, за вас Јарци, ќе биде во знакот на Марс кој ќе направи да не бидете многу друштвени, па дури и без енергија за дружења. Луѓето ќе бидат зачудени од вашата избувливост или од недостатокот на желба за излегување и забава. Социјализацијата со вистински, позитивни луѓе, ќе ви биде неопходна токму поради купот енергија кој го потрошивте во минатата година. Тоа важи и за градењето на нови врски. Ако веќе сакате да почнете врска (а ќе имате шанси за тоа во 2019), барајте личност која позитивно влијае на вас, која ве смее, која ве поддржува и расположува. Совладувањето на внатрешните стравови ќе ве направи способни и во другите важни области од животот. Немојте да правите големи чекори оваа година, подобро е да работите на себе и да ја култивирате вашата личност.

Водолија – Година за промени!

Водолиите често избегнуваат романтични односи само заради тоа да си ја сочуваат својата независност. Но ова е година за промени. Вашата чувствителна природа ќе тежнее за животна лекција која токму врзувањето може да ви ја донесе. Тоа значи дека на врската во која сте се нашле ќе и дадете шанса да стане подлабока и посилна. Венера ќе ве поддржи да уживате во задоволствата и во новата блискост со партнерот. До есен, можноста да го отворите вашето срце засекогаш, е голема. Не плашете се сосема да се предадете на љубовта во тој период. Можеби сеуште не сте подготвени да се посветите на некој во целост, но ова е вистинско време да се ослободите од внатрешните стравови. Вашата мирна природа и овојпат ќе ви помогне да постигнете заедништво.

Риба – Валоризација на љубовната врска

Што се однесува до семејството и пријателите, тука ќе биде се во ред. Ќе имате удобност и блискост, но и вие ќе вложувате труд во зајакнувањето на односот со пријателите и воопшто со луѓето кои ви се во близина. Во јули може да очекувате криза во врската. Но тоа ќе биде добар месец за валоризација на вашата љубовна релација. Дали во оваа врска се чувствувате добро? Ако одговорот е не, тогаш ќе мора да се проверите што давате и што добивате за возврат. Проблемите лежат во еден од вас. Затоа, одвојте доволно време за да ги дознаете проблемите и обидете се потоа да ги решите. Иако ќе има простор за недоразбирање и во септември и во октомври, важно е постојано да вложувате љубов и доверба во врската. Ако и покрај тоа работите одат во погрешна насока, барем ќе знаете дека од ваша страна сте направиле се. Осамените Риби може да очекуваат среќни средби во март и во ноември.

x

Check Also

Руралните жени од Росоман во расчекор помеѓу традициите и сонот за современ живот 

Руралните жени од Росоман сакаат да бидат економски независни. Врз основа на податоците на ООН, жените на планетата главно не поседуваат земја, но главно  ја обработуваат, немаат капитал, но работат повеќе за по ...