Љубовен викенд хороскоп: Најсреќни во љубовта – Вагите и Рибите

Со Месечина во знакот на Девица, која ќе биде поддржана од Сатурн во Јарец, Меркур во Девица и Уран во Бик, многумина ќе се фокусираат на размислување за квалитетот на своите врски, а добар дел би можеле да заклучат дека старите приказни треба да завршат доколку не одат според очекувањата. Марс во одговорниот Јарец ќе охрабри многумина да донесат финални одлуки. Прочитајте што велат ѕвездите за вашиот знак.

Овен -Барате работи од вашиот партнер (или потенцијален љубовник) што не сте способни или спремни сами да ги направите. Наместо да поставувате нереални барања, овој викенд ќе  биде корисно да ја рефокусирате својата енергија и да поработите на преиспитувањето што навистина можете да направите. Дајте го најдоброто од себе, за да добиете најдобро од партнерот.

Бик – Ако љубовната романса не се развива како што сакате, време е сериозно да размислите дали вреди да вложувате напор и време за да ја одржите. Не трошете енергија на нешто што не функционира. Пред вас се бројни опции за нешто подобро.

Близнаци – Овој викенд ќе почувствувате голема потреба за некое задоволство, секако поврзано со вашата љубов. Сепак, ѕвездите велат дека такво задоволство нема да добиете во следниве денови. Затоа, искористете си ги деновите за исполнувања на лични задоволства, не чекајќи ништо од друг.

Рак – Да научите како подобро да комуницирате ќе биде клучно за да си ја сочувате врската. Подобро е да почнете да слушате, наместо само да коментирате и забележувате. Ако сте сами, ова е време да отворите одново некоја стара љубовна приказна, се чека на вас.

Лав – За да ја привлечете љубовта која ја сакате, време е да направите чекор назад и да бидете сигурни дека сте фокусирани на нешта кои ве потхрануваат на емотивно ниво. Со други зборови, проверете дали чашата ви е полна. И запомнете дека заслужувате најдобро за себе! Нема причина за компромиси.

Девица – Ако не се чувствувате секси или атрактивно, овој викенд наградете се со ситни задоволства кои ќе ви ја вратат самодовербата. Само со полна самодоверба лесно ќе привлечете интересни нови луѓе во вашиот живот. А вам токму нови работи ви требаат, нова врска, на пример. Не држете се цврсто за старите работи кои ви ја одземаат енергијата.

Вага – Голема желба поврзана со љубовта може да ви се исполни овој викенд! Но, само ако се ослободите од минатото и ако го отворите срцето кон новите ситуации. Ќе блеснете од среќа!

Шкорпија – Ако до сега се чувствувавте дека не гледате јасно на љубовната ситуација, одеднаш работите ќе ви се разјаснат. И што е најважно – овој викенд и вам ќе ви стане јасно што точно сакате. Па, ако старото не оди како што треба, оставете го зад себе, зашто нови лица чекаат да ве сретнат.

Стрелец – Некогаш љубовните врски завршуваат, бидејќи биле градени на климава основа. Ако овој викенд почувствувате дека врската одново ја „лепите“, ќе биде подобро да се преиспитате дали тоа вреди, зашто наскоро одново ќе „пукне“. Не одложувајте ги работите.

Јарец -Премногу сте фокусирани на работата, а викенд е! Што може да направите овој викенд на љубовен план? Споделете убав збор со некого, гушнете го лицето кое ви значи и кажете му што мислите за него. Секој сака да чуе убав збор, па затоа не бидете скржави.

Водолија – Време е да не попуштате и да си побарате од партнерот тоа што треба да ви го даде – внимание. Ќе биде здраво за вашата врска доколку отпатувате некаде на ден или два. Доколку сте сами, овој викенд треба да бидете искрени кон вашите потреби.

Риби – Време е да престанете да пливате во матни води, на љубовен план, зашто така ви е полесно, отколку да преземете нешто. Викендов ѕвездите ви даваат сила да ги смените водите, поточно – конечно да запливате во бистро море. Прашајте се што точно сакате и тоа ќе го добиете!

x

Check Also

Неделен хороскоп (5ти – 11ти ноември): Топ знаци на неделата Стрелец, Вага и Лав

Оваа неделат планетата Јупитер го напушта знакот Шкорпија и влегува во Стрелец, ...