Љубовната приказна на Лејди Гага и Дан Хортон продолжува

Минатиот викенд, пејачката и нејзиното ново момче заедно присуствуваа на концертот на The Cure.

Пред околу еден месец Лејди Гага беше фотографирана во Лос Анџелес со, непознато за јавноста, момче. И тоа не беше, како што сите мислеа, глумецот Бредли Купер. Љубовната приказна на пејачката и новото момче очигледно продолжува.

Лејди Гага и Дан Хортон кој инаку, работи со неа на музичките проекти, како инженер на звук, повторно се „уловени“ заедно. Во Бруксајд паркот во Калифорнија тие присуствувале заедно на концертот на групата The Cure.

Да се потсетиме, пејачката беше во центарот на вниманието поради љубовниот триаголник меѓу неа, Бредли Купер и супермоделот Ирина Шаик. Според американските медиуми, по прекинувањето на врската на Купер и Шаик, Лејди Гага живеела во станот на глумецот, на Вест Вилиџ, не далеку од станот на Ирина Шаик. Гласините за врската меѓу Гага и Купер беа прекинати кога беше „уловена“ во прегратка на Хортон.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...