Љубовни проблеми од ретроградната Венера за овие 4 хороскопски знаци

За сите хороскопски знаци ретроградната Венера значи дека треба да си ги преиспитаат своите врски, но 4 астролошки знаци ќе бидат вистински погодени од ретроградното движење на Венера – од 5ти октомври до 16 ноември! 

Тука е! Токму кога помисливте дека конечно сте ослободени од сите фрустрирачки ретроградни планети кои беа актуелни ова лето, планетата на љубовта, Венера, го почна својот ретрограден од за да испорача дополнителна интензивна енергија.

Хороскопски знаци на кои најмногу ќе влијае оваа ретроградна Венера се: Овен, Бик, Вага и Шкорпија, кои ќе бидат принудени внимателно да ги испитаат сите работи поврзани со љубовта, вредностите и интимноста.

Според Astrology.com, ретроградната Венера ќе го помине своето ретроградно одење помеѓу Вага и Шкорпија.  Додека ретроградно минува низ Шкорпија, очекувано е да ги разбуди „темните“ страни на љубовта, односно љубомората, зависта, ладење на врските и прв обид за бегство од врската.

Кога Венера ќе се врати назад во Вага, расположението ќе се подобри значително. Бидејќи Венера е планета која најмалку се врти ретроградно (на секои 18 месеци), таа има тенденција да предизвика повеќе превирања од другите ретроградни планети.

Од 5-ти октомври до 16-ти ноември, ретроградната Венера може да го прекине протокот на нашите најважни врски или да нè вивне во ново љубовно соѕвездите, во зависност од знакот во кој сме родени. Но исто така, бидејќи ретроградната Венера владее со минатото, за многумина ова ќе значи оживување на стари врски, појавување на поранешните љубовници, но и старите љубовни проблеми можат да се појават во текот на овој шестнеделен циклус. За знаците Овен, Бик, Вага и Шкорпија, ретроградна Венера ќе ја зголеми оваа енергија!

ОВЕН – ВАДЕЊЕ НА ЖЕШКИ КОСТЕНИ

Како знак директно спротивен на Вагата, ретроградната Венера ќе ве вплетка во моќни борби во секоја област од вашиот живот. Веројатно ќе се чувствувате предизвикани на работа, во пријателствата и во вашиот емотивен живот. За среќа, вашата природно вродена определба да бидете победник ќе ви помогне да го поминете овој карпест период од вашиот живот како вистински јунак. Ова ќе биде вистинско време да се проценат сите противставени вредности кои ги загрозуваат вашите најважни партнерства и соодветно да преговарате. Иако може да се чувствувате како да поминувате 40 дена во вадење на жешки костени, искористете ја оваа прилика да расчистите со се што не ви е потребно во вашиот живот, за подоцна да блеснете.

БИК – ЕКСТРА ФРУСТРИРАНИ

Затоа што вашиот знак е во директна опозиција со Шкорпија – каде што Венера ќе помине поголем дел од своето 40-дневно ретроградно движење,  – ќе се чувствувате екстра фрустрирани. Вашата тврдоглава природа ќе ви покаже уште еднаш дека сте чест студент во училиштето на тешки удари. Ако веќе сте подготвени да „дипломирате“, ретроградната Венера 2018 ќе ве поттикне да дадете малку за да добиете многу. Ако стариот начин повеќе не функционира за вас, време е да го преиспитате својот пристап кон животот. Можеби е време да размислите како треба во иднина да комуницирате со колегите и претпоставените на  работното место, да си го проверите конечно здравјето, и на крјот – да си ја проверите важноста или незначајноста на врската, за да донесете цврта одлука за прекин или продолжување на „поздрави нозе“.

ВАГА- ПОМЕСТЕНО ОДНЕСУВАЊЕ

Со ретроградна Венера во вашиот знак, ќе забележите дека чудно се однесувате, а и другите тоа ќе го забележат кај вас. Додека обично ги премерувате одлуките пред да ги донесете, сега ретроградната Венера може да ве инспирира да носите брзи одлуки и многу неочекувани решенија. А и ќе влетувате во кавги, што е многу необично за вас. Најсилните тензии можат да се појават со колегите или претпоставените, но секако ќе се појават и во љубовните релации. Но ваквите импулси може да доведат и до каење,  бидејќи вашиот нормален стил и вкус не е во согласност со импулсивноста. Севкупно, оваа промена на вашето нормално однесување е, всушност, можност да ги испитате вашите постапки и да идентификувате каде можеби не сте биле искрени кон самите себе. Откако ќе ги проверите вашите вистински и суштински потреби, може да се вратите во вашата природна состојба на урамнотежено блаженство.

ШКОРПИЈА – СО ГЛАВАТА ВО ПЕСОК

Ретроградната Венера ќе ве стави на искушение да ја закопате главата во песок додека не заврши 40-дневниот ретрограден период. Сепак, Венера е тука за да ве потсети дека без разлика колку и да се правите „глуви и слепи“, не може да останете недопрени без да направите промени во вашиот живот. Пред се, ќе мора да им простите на сите на кои сте им напакостиле во минатото, за конечно да расчистите со „духовите“ од минатото кои насекаде ве следат. Простувањето не е само убава работа, туку ќе ве ослободи од болните рани од минатото. Со оглед на тоа што ретроградната Венера ја искривува претставата на врските, ако во овој период влета нова личност во вашиот живот, за да останете во таа врска прво треба добро да се осигурате дека љубовта не е од корист туку доаѓа од срцето. Во спортивно, ќе бидете (повторно) многу повредени.

x

Check Also

Нега на божиќниот цвет Поинсетија, за совршено празнично украсување на домот

Божиќната ѕвезда – цветот Поинсетија дава посебна празнична убавина на домот. Самата ...