„Луда Мара“ – нов вински бренд во портфолиото на „Тиквеш“

Раководејќи се од стратегијата за креирање „куќа на брендови”, Винарската визба „Тиквеш“ воведува новo бренд име  – „Луда Мара”.

Следејќи ги пазарните трендови кои сѐ почесто ја наметнуваат потребата за дополнително истакнување на врската помеѓу виното, специфичното поднебје и регионот од кој тоа потекнува, ВВ „Тиквеш“ го креираше новиот вински бренд за да ја зајакне автентичноста на своите вина.

„Новиот бренд го поврзавме со името на реката Луда Мара која поминува низ тиквешкиот регион и Кавадарци и која со својата уникатна природа и карактер, како и со бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на единствениот карактер на нашите вина. Автентичноста на бренд името и спецификата на производот овозможуваат полесно да jа раскажеме приказната за овие висококвалитетни и докажани македонски вина, што е особено важно за успех при извоз на развиените вински пазари“, објаснува генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Винарницата штотуку го лансираше и првото ново вино под овој бренд од сортата пино гриџо  „Pinot Grigio Luda Mara“, што се произведува во ограничена серија од само 6.300 шишиња.

 

x

Check Also

Овој петок концерт на Лозано во Скопје Сити Мол!

Skopje City Mall со задоволство го најави нивниот следен концерт, а тоа ...