ЛУДУС – Добитник на наградата „NJAL+“ на Фестивалот Асембли во Грац

ФЕСТИВАЛОТ ЗА ДИЗАЈН „АСЕМБЛИ“ ВО ГРАЦ, АВСТРИЈА ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „NJAL+“ НА МАКЕДОНСКАТА МОДНА ЕТИКЕТА ЛУДУС

Во петокот на 24. мај, по групната модна ревија на австрискиот фестивал за дизајн Асембли, реномираната модна платформа Not Just a Label со седиште во Лос Анџелес, чиј основач е Стефан Сигел ја додели наградата NJAL+ на македонската модна етикета Лудус.

Фестивалот за дизајн Асембли е започнат од локални дизајнери и ентузијасти во 2003-тата година и годинешното издание што се одржа од 24. до 27. мај вклучи над 50 дизајнери од целиот свет од кои 12 беа селектирани за модната ревија што го отвори фестивалот. Локацијата беше извонредниот музеј на архитектот Питер Кук „Пријателски вонземјанин“ што се наоѓа во центарот на Грац.

Наградата доделена на Лудус е практична помош со вмрежување во платформата NJAL+ која овозможува директен пристап до веб продавницата на Лудус, како и поддршка на брендовите во развивање на бизнисот на интернационалниот пазар преку учества на саеми, семинари, веб предавња и полесен пристап до софтвери за раководење на моден бизнис итн.

Лудус ја претстави последната колекција „Пост-родовост – Поглавје I“ која беше одлично прифатени речиси целосно распродадена до крајот на фестивалот.

Идејата за општество сместено во иднината каде ги нема постоечките бинарни родови улоги е основата за колекцијата насловена како „Пост-родовост – Поглавје I“. Замислена како утописка ослободителна визија, авторот размислува за социо-културните импликации и директните односи со модата. Колекцијата е всушност составена од два дела, две поглавја, чијшто дијалог е фокусот на работата на етикета Лудус годинава.

x

Check Also

Папаз во Сараево пречекан со голем аплауз за модната ревија од лимитираната колекција Три

Македонскиот моден дизајнер Папаз предизвика големо внимание во Сараево со неговата луксузна ...