ЛУДУС ја промовира новата колекција за пролет/лето 2019

Идејата за општество сместено во иднината каде ги нема постоечките бинарни родови улоги е основата за колекцијата насловена како „Пост-родовост – Поглавје I“. Замислена како утописка ослободителна визија, авторот размислува за социо-културните импликации и директните односи со модата. Колекцијата е всушност составена од два дела, две поглавја, чијшто дијалог е фокусот на работата на етикета Лудус годинава.

Првото поглавје се состои од 20 целосни изгледи и над 50 парчиња облека изработени од природни материјали како памук, свила, лен и памучен сатен во препозатливите издолжени силуети, во монохромна или неутрално обоена палета. Главните производи на Лудус се памучните кошули, панталоните и мантилите и тие ја продолжуваат приказната започната со претходните колекции истовремено подигајќи го квалитетот на продуктот со неочекувана моделарска база и недекоративни функционални елементи.
Фотографијата за кампањата за оваа колекција е на Маријо Жупанов, соработник на брендот од Словенија, Мартина Ивановска е задолжена за шминката и фризурите и асистентот Ивана Секулоска. Моделите беа пронајдени преку кастинг на социјалните медиуми минатиот месец. Продукцијата на видеото е на Мирослав Илиќ.


Лудус се заблагодарува на Музејот на Современа Уметност – Скопје за отстапениот простор за фото и видео кампањата за „Пост-родовост I“. Фотографиите и видеото вклучуваат уметнички дела од колекцијата на МСУ, сопственост на МСУ и дела од изложбата на Јане Чаловски и Христина Ивановска „Епилог (Форма на расправа)“.

Колекцијата може да се најде на новата веб продавница на Лудус ludus.com.mk, во концептуалната продавница Пентља, во Љубљана, во бутикот Луксантика во ГТЦ, Скопје.

x

Check Also

Ова се најпосакуваните сандали на Амазон за пролет/лето 2019

Според критериумот сандали кои може да ги носите секаде, од утро до ...