ЛУДУС ВО ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ

НОВИОТ ФОТО ЕДИТОРИЈАЛ НА ЛУДУС СО ФОТОГРАФОТ МАРИЈО ЖУПАНОВ ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ВОГ И КАЛТБЛУТ МАГАЗИН

По неколкуте успешни настапи на Љубљанската модна недела македонската модна етикета за безродова мода изработена од исклучиво природни материјали, Лудус, ги прави првите пробиви во интернационалните медиуми.

Фото едиторијалот израбoтен со словенечкиот фотограф Маријо Жупанов сега се најде и на престижното интернет списание специјализирано за машка независна мода Калтблут Магазин.
Едиторијалот е сработен во Словенија, со моделите Анел и Уршка од агенцијата Имортал, каде како стилист се јавува долгодишната соработничка Мартина Ивановска.

Колекцијата Monoscapes може да се најде на новата веб продавница на Лудус ludus.com.mk, во концептуалната продавница Пентља, во Љубљана, во бутикот Луксантика во ГТЦ, Скопје и на редовните поп-ап настани кај нас и во Европа.

x

Check Also

Папаз во Сараево пречекан со голем аплауз за модната ревија од лимитираната колекција Три

Македонскиот моден дизајнер Папаз предизвика големо внимание во Сараево со неговата луксузна ...