Луј Реар, човекот кој ги измисли бикините

Електроинженерот Луј Реар влезе во историјата на модата како татко на бикините.

bikini 5

Капењето во вода е старо колку и човекот. Но во минатите епохи луѓето не се облекувале посебно кога се капеле, односно не се ни соблекувале. Дури во 17 век почнуваат да облекува посебна гардероба за плажа, мажите – панталони, а жените маички и сукњи скроени од лен.

1553348 001

Се’ до 1946 година,  бикините (но не во толку слободна форма) можеа да се видат само во два три холивудски филма од 30-те години на минатиот век, кои провоцираа критики од црквата, додека јавноста го разбираше носењето на ваков костим за капење како некој вид на филмска уметност. Оние кои би се осмелиле да облечат слично „филмско парче облека“ на плажа, завршуваа во полиција казнети поради недолично однесување.

binini 2

Повеќе од деценија подоцна електроинженерот Луј Реар ќе ја советува својата мајка, кројач и сопственичка на бутик за долна облека во Париз, да произведат серија на костими за капење кои ќе бидат во два дела. Така излегува првата серија на „првиот најмал костим за капење на светот“ наречена по островот Бикини во Микронезија- Бикини Атол.

bikini 1

Но проблемот следуваше. Произведената линија требаше некој да ја рекламира, а Реар не можеше да најде модел кој тоа ќе прифати да го направи. Најпосле ја сретнува Мишелин Бернардини, стриптиз танчерка од Казино ду Пари, која важела за послободна девојка на тоа време и ја убедува да биде негов модел. Бикините официјално се појавуваат во јавноста на 5 јули 1946 година кога на модниот настан во Пишин Молитор (популарен јавен базен во Париз) во бикини се појавува Бернардини. Фотографите ја овекувечуваат девојката, а фотографиите молскавично го преплавуваат светот.

Мишелин Бернардини

Мишелин Бернардини

За многу кусо време Бернардини доби над 50.000 писма од фановите ширум светот и стана ѕвезда, а продавницата на семејството Реар се полнеше. Произведувачите на долна облека почнаа да лансираат слични линии на долна облека за капење, под истото име – бикини.

bikini 6

 

 

 

 

 

x

Check Also

Над 2.000 корисници и 70 компании за една недела се дел од Challenger Дома

Точно пред една недела преку продавниците за апликации на мобилните телефони, iOS или Android, 2.000 македонски ...