Лујза Казати, икона на ексцентричноста и екстремната екстраваганција

Водела ексцентричен живот, препознатлива била по необичната и екстравагантна облека, а во својата градина чувала егзотични птици и животни. Љубовницата на Габриеле д Анунцио и муза на дузина славни уметници, која целиот живот го минала во раскош и луксузирање, починала во голема сиромаштија. До денес е инспирација на големите уметници и модни дизајнери.

Лујза казати, првата Лејди Гага

Лујза казати, првата Лејди Гага

Лујза Казати се родила во богато семејство како Лујза Аман, втора ќерка на производителот на памук Алберто Аман и Луција Бреси, во Милано во 1881 година. Детството го минала во Милано многу привилигирано, но и изолирано. Уште во текот на детството почнала да се воодушевува од животот на личностите како Лудвиг Втори од Баварија, кралицата Елизабета од Австрија, Сара Бернард, Кристина Вирџинија Олдони, грофицата од Кастиљоне. Со прераната смрт на нејзините родители, Лујза и нејзината сестра Франческа, ќе го наследат целото богатство.

LK 9

Во 1900 година Лујза Аман се омажила за миланскиот маркиз Камило Казати Стампа ди Сончино, станувајќи маркиза Казати, и во овој брак се раѓа нивната ќерка Кристина, во 1901 година. Лујза, која била блиска пријателка со уметниците и интелектуалците од тоа време, била страсен колекционер на уметнички дела. Повеќе години била во врска со Габриеле Д Анунцио со кого го делела екстремниот вкус за естетика, а оваа бурна врска предизвикувала големи скандали.

Фотографирана од Адолф де Мајер

Фотографирана од Адолф де Мајер

Била препознатлива по својата ексцентричност која се одразува преку се што прави, секако и преку облеката до шарената шминка.

Во 1910 година, Лујза го купува напуштениот замок Вениер деи Леони, (денес седиште на фондацијата и музејот Пеги Гугенхајм). Оваа палата со огромни градини била нејзина резиденција до 1924 година. Во овие градини Лујза Казати чувала егзотични птици, пауни и гепарди, а тука правела и големи забави.

Фотографирана од Мен Реј

Фотографирана од Мен Реј

Меѓу 1919 година и 1920 година живеела во Вила Сан Микеле во Капри, а во 1923 година одлучува да купи куќа во Париз. Секако, не обична куќа. Тоа бил замокот  Palais Rose во кој некогаш живеел францускиот писател и познат денди Роберт де Монтескио, познат колекционер на уметнички дела.

На многу уметници Лујза била муза, многу уметници ја сликале и и ги посветувале нивните дела, меѓу нив и Болдини, Бала, Мен Реј, Маринети, Деперо и Бочиони. Таа била животот и душата на интернационалната сцена, со целата нејзина облека, егзотичните животни и нејзината љубов кон раскошот и луксузот.

LK 7

Нејзиниот скап начин на живот ќе и донесе долгови, па во 1930 година долговите веќе тежеле 25 милиони американски долари. Долговите ќе ја притиснат да се откаже од се, и целиот нејзин имот и колеционерски дела биле ставени на аукција. Меѓу присутните на аукцијата била и Коко Шанел.

Била инспирација на големите сликари

Била инспирација на големите уметници

Целосно банкротирана, од Париз ќе се пресели во Лондон каде живеела нејзината ќерка Кристина, со која секогаш имала бурни односи, и нејзината внука. Во Лондон Лујза продолжила да живее многу сиромашно до самата смрт во 1957 година. Нејзиниот епитаф на гробот ќе го напише нејзината внука, а тоа се зборовите кои Шекспир ги користи за да ја опише Клеопатра.

Тилда Свинтон како Лујза Казати

Тилда Свинтон како Лујза Казати

Денес голем дел од фотографиите, скултурите и сликите на кои е насликана Лујза Казати се загубени, а добар дел се во скапите колекции на приватни колекционери.

Инсирација на Лагерфелд

Инсирација на Лагерфелд

Сепак нејзината желба да стане самата таа уметничко дело, се исполнила.

До денес иконата на екцентричноста Лујза Казати е инспирација на уметниците, сликарите, писателите и модните дизајнери.

 

x

Check Also

Што ги возбудува хороскопските знаци?

Овен Овенот ужива да биде нечиј трофеј. Тој сака прво да се ...