Луксузен хотел за мачки во Милано, и сопствениците и мачките пресреќни!

Во декември 2018 година, во Милано, Италија, на виа Комелико број 18 е отворен луксузен хотел за мачки „Димензионе Гато“. Ноќевањето во хотелот од 120 квадратни метри чини 20 евра по ноќ.

Мачките уживаат во сите луксузи и занимации кои ги нуди овој хотел, вклучувајќи и музика. Анализа Мантованели (47) е сопственичка на овој хотел за мачки, кој се рангира со 5 ѕвездички. До 2017 година, Анализа била архитект, но одлучила дека е доста со таа професија и следејќи го сонот од детството одлучила да се занимава со животни.

-Пресреќна сум за овој мој избор. Создадов хотел по нивна мерка кадешто мачките можат да си бидат свои, слободни, можат да си играат, да се одмораат, да го следат својот инстинкт, вели Анализа.

За и сопствениците на мачките кои ги оставиле во овој хотел, најчесто поради одмор или патувања, да бидат задоволни, секој од нив преку посебен програм инсталиран на мобилниот телефон, може да се вклучи во хотелот и преку камерите вградени во просториите може да „разговара“ со својата мачка, односно да гледа како таа се забавува.

Во составот на хотелот има и луксузен ресторан за мачки кадешто тие се хранат со витаминска и здрава храна, како и бања кадешто мачките се капат и се дотеруваат.

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...