Луксузна есенска маска за лице од домашната кујна

Сакате да уживате во луксузни нешта? Погледнете во фрижидерот, таму се.

Многу од есенските овошја се погодни за луксузна козметичка нега, а оваа есенска домашна терапија е стимуланс за подмладена кожа.

Релаксирајте се со маска од тиква, авокадо и мед која ја храни кожата и се грижи за нејзиниот сјаен изглед.

Состојки на маската

4 лажици пире од печена тиквa

4 лажици мед

1 лажица јогурт

1 лажица згмечено авокадо

1 лажица (варен) згмечен морков

1 капка етерично масло од сандаловина

Подготовка

Во мал сад помешајте ги сите наведени состојки. Потоа, покријте го садот со фолија и оставете го 30 минути во фрижидер.

Нанесете од маската на лицето и релаксирајте се 10-15 минути. Отстранете ја со млака вода, а потоа нежно избришете го лицето со крпа (со допирање), па нанесете вообичаена ноќна крема.

x

Check Also

Секси фотосесија на Емили Ратајковски за новиот парфем на Paco Rabanne

Популарната манекенка Емили Ратајковски е лице на кампањата на новиот парфем на  ...