Луксузни автомобили за деца: Запознајте ги Брун Ф

Компанијата Хенес ја лансираше линијата на луксузни електрични автомобили за деца, кои покрај фантастичниот дизајн имаат и одличен аудио систем.

kola 2

Личат на оние автомобили од филмовите на Џемс Бонд, врескаат од раскош, блескаат…Целата линија на автомобили наменети за деца Брун Ф ќе ве остави без здив, всушност веруваме дека ваков автомобил би посакале и за себе.

kola glavna

Најлуксузен од сите е моделот Брун Ф8 со кожени седишта и аудио систем каков многумина немаат ни во својот дом.

kola 5

Во целата серија е вграден и Блутут за далечинско управување наменет за возрасните кои на тој начин ќе можат да го контролираат возењето на децата.

kola 4

Цената на Ф8 сеуште не е објавена, но останатите модели почнуваат од 800 долари.

kola 3

Следниот чекор на Хенес е уште полуксузна серија на автомобили за деца, која ќе биде реализирана во соработка со Мерцедес, Порше и Јагуар, а ќе станува збор за мини-верзии од најлуксузните автомобили на овие производители.

x

Check Also

ТВ-серијата „Зоки Поки“ продолжува да ја освојува Скандинавија

ТВ-серијата „Зоки Поки“ продолжува да ја освојува Скандинавија. По најавата за емитувањето ...