Луксузни колачиња наместо накит

Италијанската луксузна марка за накит Дамијани во соработка со главните готвачи на хотелот Риц Карлтон во Хонг Конг подготвија колачиња со вкус и мириз на луксуз.  

slatki 4

Лоунџ&бар во Риц Карлтон во Хонг Конг во понудата ќе има еден луксузен благ специјалитет.

slatki 3

Линијата колачиња е инспирирана од накитот на Дамијани, па колачињата имаат форма на слатки прстени и златни и дијамантни ѓердани од кои блескаат „сафири“ и „рубини“. Се разбира, сите скапоцени „камчиња“ се јадат.

slatki 2

Гостите на највисокиот хотел на светот ќе можат да уживаат во ваквите специјалитети во текот на цел септември.

 

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...