Најлуксузните професии во светот: дегустатор на шампањ или чоколади

Кога ќе влезете во вашето работна рутина речиси секоја работа станува монотона, а мотивацијата се намалува. Но, ова  не се однесува и на малкумина среќници кои ги работат најоткачените работи на светот!

r-de-ruinart-degustation-02

Верувале или не, кои се добро платени за да спијат, јадат сладолед или чоколадо или да дегустираат шампањ.

Меѓу , кул работните места спаѓаат и професионалните зомби и дворските луди. Има и такви кои заработуваат спуштајќи се во воден тобоган, испробувајќи ја постелнината, купувајќи најскапи модели на Ферари во светот, и тоа не со свои, туку со туѓи пари.

Еден од ваквите среќници кој во почетокот на годината, во конкуренција од 90.000 кандидати доби работа од соништата е Рич Ким од Брајтон, Велика Британија.  Австралиска туристичка заедница него го одбрала за извршување на должноста „ мајстор за вкусови“ на Западна Австралија.

Неговата работа се состои во тоа, шест месеци да патува низ Австралија испробувајќи ги најразличните јадења и пијалаци, а потоа истите да ги претстави на останатиот дел од светот. За тоа тој ќе биде платен 100.000 австралиски долари.

И покрај тоа што можеби звучи чудно, сериозноста сепак не е посакувана особина на работното место. Во Англија и во денешно време постои работното место дворска луда, кое очигледно не изумрело заедно со кралевите.

Во здружението на дворските луди моментално има повеќе од 30 членови, кои во својство на луда се вработени со полно работно време.

Има и такви кои се платени на посетителите да им „втераат страв во коски“.Помеѓу туристичките атракции на Лондон се вбројуваат и зомбите, чија работа е да излегуваат од темните агли и да ги плашат посетителите.

chocolate (1)

Со многу послатка работа се занимаваат дегустаторите на чоколади, сладолед и шампањ. Алисон Гиа за 13 години работен стаж изела тони сладолед. Нејзината работа е секој ден да изеде една кантичка сладолед, а воедно и да работи на смислувањето на новите вкусови.

Работа од соништата има и дегустаторот на шампањ, Оливер круг. Задачата на неговото работно место е да патува низ светот, да ги надгледува бербите на грозје, да ги надгледува комисиите за дегустација, која  испробува повеќе од илјада вина, а секако пие многу шампањ.

Во составот на новата кампања на австралиската туристичка заедница, работа доби и еден Американец вработен како професионален посетител на партии и ВИП гости.

Несекојдневна работа во почетокот на годината доби и Себастијан Смит, кој почна да работи како испитувач на водените тобогани за компанијата Фрст Чоис (First Choice). За да ги проба сите тобогани Смит ќе патува низ светот посетувајќи ги егзотичните места , од Мајорка до Јамајка. Неговата работа е да процени колку прска водениот тобоган при спуштањето и факторот на адреналин.

r-de-ruinart-degustation-05

Конкурс за помирна, но не и помалку необична работа, распиша и стоковната куќа Џон Луис која барала стручни лица за испитување на  јоргани и постелнина. Во описот на работното место е на ведено дека од вработениот се очекува за купувачите да ја одбере најудобната постелина, а препорака да даде дури откако самиот ќе ја проба.

Еден хотел во Финска на почетокот на годината објави конкурс за работно место професионален спанко. Во описот на работното место се наведува дека спанкото треба да помине 35 дена во хотелот Фин и да ги испроба неговите кревети. Пожелно е кандидатот да биде и блогер за да може после секоја ноќ помината во кревет детално да ги опише своите искуства.

x

Check Also

Мекдоналдс ја предизвикува Гвинет Палтроу со свеќи со миризба на хамбургер

По повод педесетгодишнината, Мекдоналдс објави колекција на свеќи со миризба на хамбургери. ...