Луксузно бегство во Санторини: Хотел Грејс – ултимативно уживање

Во 2012 година ја зема престижната награда за најдобра локација во Европа. Бутик хотелот Грејс во Санторини е едно од најромантичните места кои воопшто може да се видат и доживеат.

hotel910

Со неверојатен поглед на морето, отворени базени, стилски дизајнирани пространи соби, беспрекорен сервис, бутик-хотелот Грејс сместен во популарното селце Имеровили нуди одмор кој треба да се доживее барем еднаш во животот. Не залудно често е дестинација на брачните парови кои одлучуваат токму тука да го поминат својот меден месец, но и за оние кои копнеат по романтичен одмор исполнет со мигови кои не се забораваат, залези на сонцето, вечери под јасното ѕвездено небо.

hotel 345

hotel0191

hotel552

hotel123

Собите се големи и многу елегантни, во нив доминира белата боја, а секоја е со поглед на морето. За дополнителна релаксација на гостите тука се и спа и фитнес центарот, за оние кои пак сакаат поактивен одмор се организираат целодневни пловидби, екскурзии до блиските места, ноќна проекција на филмови под отворено небо, приватни тури со хеликоптер…

hotel701

hotel 6337

hotel901

Исто како и целата елегантна атмосфера на хотелот, и кујната е елегантна фузија од медитеранска храна. За дополнително магично уживање во специјалитетите, тие се послужуваат во отворениот ресторан со поглед на морето.

hotel567

Внимавајте со кого ќе побегнете во ова романтично засолниште. Лесно може да се случи, опиени од импресиите, да го изговорите брзо она судбоносно „да“.

hotel911

hotel991

x

Check Also

HUAWEI го претставува P Smart Pro со тројна AI камера од 48 MP и воодушевувачки дизајн

Huawei го претстави HUAWEI P smart Pro – најновиот паметен телефон, со модерен дизајн и ажурирани спецификации што ...