Lush ги напушта социјалните мрежи: Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat

Од 26 ноември 2021 година, брендот Lush глобално им сврти грб на Instagram, Facebook, TikTok и Snapchat, сè додека тие платформи не преземат чекори за обезбедување на безбедна средина за нивните корисници. Оваа политика станува активна во сите 48 земји во кои работи Lush. Според нив, на ист начин како што доказите за климатските промени беа игнорирани и минимизирани со децении, се игнорираат и сериозните последици од социјалните медиуми. Lush, како добро познати лидери, а не следбеници, одлучија да го привлечат вниманието кон овој сериозен проблем и да започнат со менување на праксата, не чекајќи некој друг да адресира каде е вистинскиот проблем. 

– Како иноватор на бомбите за во када, давам сè од себе за да креирам производи кои им помагаат на луѓето да се исклучат, да се опуштат и да се погрижат за својата добросостојба. Платформите на социјалните медиуми станаа антитеза на таа цел, креираа алгоритми за луѓето постојано да скролаат со што им се оневозможува да се исклучат и опуштат, Џек Константин, ЦДО и пронаоѓач на производи. 

Ние не би ги поканиле нашите клиенти на средба во темна и опасна улица – а некои од социјални медиуми стануваат токму места каде никој не треба да се охрабрува да оди. Нешто мора да се промени. Се надеваме дека платформите ќе претстават засилување кон насоките за најдобрите практики и дека ќе бидат донесени меѓународни регулативи. Но, ние не можеме да чекаме. Се чувствуваме принудени да преземеме свои активности за да ги заштитиме нашите клиенти од штетните влијанија и манипулации, што може да ги искусат кога се обидуваат да се поврзат со нас, преку социјалните медиуми. Затоа, Lush ќе се одјави од Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat, сè додека овие платформи не станат безбедни за нивните корисници. 

 Го поминав целиот мој живот во избегнување на употреба на штетни состојки во своите производи. Сега постојат бројни докази дека се наоѓаме во ризични ситуации додека ги користиме социјалните медиуми. Јас не сум подготвен нашите клиенти да ги изложувам на такви ризици, така што е дојдено време да ги отстраниме од формулата, Марк Константин,  ОБЕ, ко-основач, извршен директор и пронаоѓач на производи. 

Ветуваме дека нема во потполност да станеме анти-социјални. Ќе направиме сè што можеме за да најдеме нови начини за поврзување, да изградиме подобри канали за комуникација на друго место, користејќи стари и докажани рути. Засега, може да нè најдете на Твитер и на Јутјуб – нема потреба да лајкувате, претплатите или вклучувате известувања, луѓето можат да одат за да проверат што има ново кога сакаат. 

Секогаш имаме многу што да кажеме, но кога ќе се качиме на говорницата, сакаме таа да биде безбедна. 

 За Lush   

Кога станува збор за козметика, Lush е познат по тоа што ги прави работите поинаку – без разлика дали се работи за осмислување на нови производи во кои што ќе се редуцира употребата на непотребните пакувања, спроведувањето на кампањи, што откриваат досега нераскажани приказни, или пак, во подигнувањето на стандардите за тоа како може да изгледа и да и да се чувствува искуството при малопродажба. Во суштина, Lush има цел да даде повеќе отколку што зема од општеството и од околината. А, во светот во којшто технологијата стана важен дел од сечие работење, природно е Lush да поттикнува најдобри пракси кога е во прашање и дигиталната етика. 

Технологијата не мора да биде неетична; таа може да придонесува за општото добро и да влијае на позитивните општествени промени. Ние во Lush сакаме свет во кој свежата и рачно направена технологија е осмислена за регенерација, а не за уништување. Подготвени сме да започнеме дигитална револуција. 

 

x

Check Also

Есенска нега на коса со домашна маска од квасец

Маските од квасец одговараат на сите типови коса и незаменливи се во ...