Мача Лате – нова фенси замена за кафе

Мача Лате е напивка која е одлична замена за кафе, а моментно е вистински хит низ светот. Во Јапонија е позната одамна, но сега оваа фенси напивка може да ја најдете во подобрите барови низ сите континенти, како и во популарниот Старбакс.

ma10

Карактеристична е по силната зелена боја која се добива од силниот зелен чај во прав- мача (matcha).

Со мешање на лажичка од мача правот и билно или кравјо млеко се прави оваа специфична напивка која е многу вкусна. Како и кај злениот чај и мача лате има бројни здравствени предности, а иако содржи кофеин не предизвикува вознемиреност како кафето. Дополнително дава чувство на енергичност, прави балансирање на организмот, ги регулира хормоните, го поттикнува метаболизмот и одличен антиоксиданс е.

ma-4

Како да подготвите мача лате?

Една лажичка од мача чајот се мати со четкичка од бамбус (или во блендер) во малку вода (жешка) додека не се добие компактна смеса. Потоа се додава млеко, повторно се меша, а засладувач доаѓа по желба на крајот. Наместо шеќер обично се додава лажичка мед.

ma1

x

Check Also

МУЗИЧКИ БЛОК [НОЕМВРИ] ВО МКЦ

Од кога се немаме видено во сала 25 мај! Ви најавуваме 2 ...