Мачката на Лагерфелд – наследничка на богатството на модниот гениј

Choupette, мачката на неодамна починатиот моден дизајнер, Карл Лагерфелд, која на Инстаграм има над 200 илјади фанови, наследила големо богатство од Лагерфелд.

Не е многу вкусно да се зборува за наследство, но инстересно е што меѓу наследниците на богатството на модниот гениј, се нашла и мачката Choupette, модната ѕвезда која красеше неколку насловни страници, а која само во 2014 година со два ангажмани заработи три милиони евра.
За неа, Лагерфелд зборуваше – Таа е чудо, стана најславна и најбогата мачка на светот!, но зборуваше и дека „ако можам би се оженил со неа“.

Француските медиуми пишуваат дека миленичката на Лагерфелд, Choupette,  е една од наследничките на енормното богаство на починатиот дизајнер. Меѓу наследниците се и членовите на семејството и најблиските пријатели на креаторот. Инаку, богатството на Лагерфелд се проценува на над 170 милиони евра.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...