Мачката на Лагерфилд доби насловна на Вог

Германското издание на Вог го красат Линда Евангелиста и славната мачка Шупет.

линда

Сијамската мачка Шупет на креаторот Карл Лагерфилд доби и насловна страница, откако нејзиниот сопстевник раскажуваше во медиумите колку се грижи за неа,  дека и’ плаќа две слугинки и дека дури би можел да се ожени со неа. Потоа и’ отвори сопствен профил на Твитер преку кој мачката, односно Лагерфилд, ги известува обожавателите за интересни детали од секојдневието.

lagerfild macka

И откако стана славна, еве ја на насловната страница на Вог заедно со моделот Линда Евангелиста.

Ете што значи да се има познат старател. Прашање на време е кога ќе ја видиме и во некоја креација со потпис на Лагерфилд.

x

Check Also

Триото „Тојлетпејпер“ се врати со нови гротескни модни фотографии

Фотографите Маурицио Кателан и Пјерпаоло Ферари и уметничкиот директор Мико кои го ...