Мадона во секси долна облека позира за 150-от роденден на Харперс Базар

Мадона (58) ја краси насловната страница на февруарското издание на Харперс Базар облечена во светкав фустан од новата колекција на Гучи.

ma1

Харперс базар на ваков начин ја прослави својата 150-годишнина од постоењето.

Фотосесијата на поп иконата вклучува фотографии на кои позира во луксузна долна облека и модни парчиња од Стела Мекартни, Алберта Ферети, Ла Перла и Диор.

Во интервјуто, 58-годишната ѕвезда зборува за чувството на угнетеност.

„Отсекогаш сум се чувствувала угнетена. Знам дека многу луѓе би рекле – „Ох, смешно е ти да го кажеш тоа! Ти си успешна, бела, поп ѕвезда!“,  но бев соочена со разни гомненини во текот на целата кариера, а добар дел од нив беа затоа што сум жена и истотака бидејќи одбивав да живеам конвенционален живот“.

Мадона продолжува –  „Создадов многу неконвенционално семејство. Имам љубовници кои се три децении помлади од мене. Тоа им создава непријатност кај луѓето. Мислам дека се што јас правам, создава голема непријатност кај луѓето“.

Во фустан од Алберта Ферети

Во фустан од Алберта Ферети

Во наметка од Гучи и долна облека од Ла Перла

Во наметка од Гучи и долна облека од Ла Перла

Палто од Диор и чорапи од Волфорд

Палто од Диор и чорапи од Волфорд

Во Стела Мекарти градник и Ла Перла чорапи

Во Стела Мекарти градник и Ла Перла чорапи

 

x

Check Also

Кралицата Летиција во точкаста блуза од MANGO

Шпанската кралица Летиција и кралот Филип VI. го посетија спортскиот центар „Чентро ...