Брзо се подготвуваат и не треба да бидете многу вешти во кујната, а резултатот е – фантастичен.
За подготовка ви се потребни намирниците – 3 јајца, 2 лажици мед, 110 грама брашно, 1 лажичка прашок за пециво, 1 лажичка ванилин шеќер, 3 лажици рум, изрендана кора од лимон, 140 мл кокосово масло, мармалад од сливи.
Претурете ја смесата во калапчиња за мафини кои претходно сте ги обложиле со хартиени кошнички за мафини. Во секоја смеса претурена во кошничките додадете по лажичка мармалад од сливи.
Ставете ги мафините да се печат на 180 степени. Печете додека мафините „пораснат“ и добијат златно-смеѓа боја.
Извадете ги од калапчињата и оставете ги да се изладат во своите хартиени корпички, па послужите го овој превкусен зимски десерт.