Магична напивка од зеленчук подобра од ботокс

Тајната на младешкиот изглед не се крие само во скапоцените козметички препарати, туку и во природните состојки на зеленчукот. Ви откриваме магичен рецепт кој го чуваат здравјето, ја подмладува кожата и помага при регулација на телесната тежина.

zeleno

За природен „фејс лифтинг” ова е напивка која ќе и даде на вашата кожа цврстина и еластичност. Ќе ја подготвите со: краставица, целер и органски зелен чај.

Кофеинската киселина и витаминот Ц имаат смирувачко и благо дејство, додека силиконска киселина е многу важна за одржување на сврзното ткиво на мускулите. Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а во комбинација со водата, природно хидрира и и’ дава на кожата здрав сјај.

Витамин Б комплекс од целер го стимулира претворувањето на јаглените хидрати во енергија, гиспречува штетните ефекти на слободните радикали и ја задржува кожата здрава и блескава.
Високото ниво на антиоксиданси, вклучувајќи ги витамините Ц и Е кои се во изобилство во зелениот чај го забавуваат стареењето на кожата.

За „фејс лифтинг“ напивка ви е потребно:

2 излупени свежи краставици
4 стебленца целер
2 чаши органски зелен чај

Подготовка:

Во блендер ставете ги сите состојки и измешајте ги добро, доколку е потребно додадете малку вода ако смесата е премногу густа. Напитокот консумирајте го што е можно поскоро по подготовката.

x

Check Also

Паста од коријандер – совршен чистач на организмот (рецепт)

Коријандерот познат и како кинески магдонос, специфичен по силниот вкус и мирис, ...