Магијата на италијанската кујна во Дистрикт бар и ресторан

Почнувајќи од 19-ти па сè до 26-ти ноември, Дистрикт бар и ресторан ќе биде домаќин на Неделата на италијанската кујна. Официјалното отворање на настанот ќе се одржи на 19-ти ноември со вечера од 5 италијански јадења, подготвени од главниот готвач на ресторанот, Кирил Ставрев во соработка со реномирани италијански готвачи. Состојките за секое од јадењата се автентични, ароматични и внимателно избрани за да ја доловат вистинската гастрономска магија која ја нуди оваа кујна.

Реномираните италијански готвачи доаѓаат од Институтот „Ancel Keys” од Салерно, Италија којшто претставува светски амбасадор на Медитеранската исхрана, и кој во 2010-та година е прогласен за нематеријално културно наследство од страна на УНЕСКО.

Местата за вечерата на денот на отворањето се ограничени, а цената на сет менито изнесува 1200 денари по лице. Резервирање на места е достапно на телефонскиот број 071/238-522.

Деновите на италијанска кујна по отворањето, продолжуваат до 26-ти ноември со a’la carte мени за сите љубители на исклучителна италијанска храна.

Оваа единствена можност за откривање на вистинскиот медитерански вкус, со италијански шмек е овозможено од страна на Италијанската Амбасада и Италијанската Агенција за трговија во соработка со Скопје Мериот хотел.

 

 

x

Check Also

Јубилеен 10. Фестивал на младото вино во „Тиквеш“

Првото вино од годинешната берба наговестува добра винска година Винарската визба „Тиквеш“ ...