Маичка скроена под среќна ѕвезда

Има некои сосема обични нешто што едноставно шармираат, како маичката на Филип Лим која го освои светот, иако никој не знае да објасни зошто.

maicka 1Нема некое посебно „вау“ во оваа маичка дизајнирана од американскиот креатор со кинеско потекло Филип Лим. Но изгледа и некои модни парчиња можат да бидат родени, или направени, под среќна ѕвезда.

maicka 5

Достапна во црна и бела боја, едноставната маичка на која пишува Го сакам Нуевајорк ( I love Nueva York), со превртено срце и очигледно „превртени“ зборови, поточно комбинација од англиски и шпански јазик, стана најпосакуваното парче облека меѓу трендсетерите.

maicka 2

maicka 3

maicka 7Маичката прво стана омилена меѓу модните уредници и модните блогери, а оттаму се префрли на улиците најавувајќи ја новата модна манија.

maicka 4

maicka 8Достапна е во различни варијанти (сите наједноставни) по прилично солена цена од 85 до 350 долари, а најпродаван е моделот од 115 долари.

За оние кои сакаат да бидат дел од ова модно лудило, може да си ја нарачаат маичката тука.

x

Check Also

Поглед на есенската колекција од Massimo Dutti (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Литванската популарна моделка Едита Вилевичијте е главно лице во кампањата на Massimo ...