Маја Кикириткова ја претстави својата нова колекција „Есен/Зима“

Колекцијата на Маја Кикириткова е инспирирана од природата.

 

Модната дизајнерка Маја Кикириткова ја претстави својата нова колекција. Колекцијата за оваа сезона, есен/зима 2019, е поделена во два сегменти или во две сезони, есенска и зимска колекција. Есенската колекција е инспирирана од природата и е поделена во пет сегменти. Во првиот сегмент е застапен животинскиот дезен, во комбинација со еко кожа, вториот е песочен каде преовладуваат земјените тонови. Третиот сегмент е златно-зелен,  четвртиот безвременски каде преовладува црната боја и петиот и последен е сиво-син.

Приказната за целата колекција на Маја Кикириткова е спојување на овие пет сегменти, каде што животните во есен чекорат по песок и златно-жолти лисја, црно како неизбежен дел и евергрин засекогаш и сиво-плаво асоцијација на небото. Кога се гледа целата колекција во целина можеме да погледнеме еден пејсаж на есенска убавина надополнета со животински свет. Целата колекција е надополнета со златни детали, како копчиња, патенти и токи. Како и досега повторно е задржан моментот на „предимензионирани” парчиња облека.

 

x

Check Also

Црни модни изгледи за зима 2019/20 од & Other Stories

„Фрлете“ погледн на црните модни комбинации од модната марка & Other Stories дизајнирани ...