Мајката на Меган Маркл пристигнала во Лондон, дали кралското бебе веќе е родено?

Пристигнувањето на Дорија Регланд во Лондон, мајката на војвотката од Сасекс, предизвика нов бран на коментари – дали таа пристигнала бидејќи е бебето веќе родено?

Ненадејното доаѓање на 62-годишната Дорија многумина го протолкувале како потврда за раѓањето на кралското бебе. Во секој случај, тоа е знак дека Меган Маркл би можела да се породи секој момент, со оглед на тоа дека веќе е пишувано дека Дорија Регланд секако изразила желба дека ќе присуствува на породувањето на славната војвотка.

Британските медиуми известуваат дека мајката на Маркл ангажирала шетач на кучиња да се грижи за нејзините миленици  додека е таа во Лондон, а ги откажала и часовите по јога.

Инаку, војводата и војвотката од Сасекс неодамна рекоа дека нивното новороденче нема да го покажуваат на светот веднаш по излегувањето од болницата, како што е случај во кралското семејство. 37-годишната Меган и три години помладиот Хари сакаат приватна веселба во чест на бебенцето, порачувајќи дека прво самите тие сакаат да се запознаат со бебето пред да го покажат на светот.

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...