Мајли Сајрус и Кеитлин Картер: Романтични бакнежи на Лаго ди Комо

Пејачката Мајли Сајрус (26) по прекинувањето на врската со глумецот Лијам Хемсворт, ужива во прегратките и бакнежите на американската блогерка, 30-годишната Кеитлин Картер.

Лијам и Мајли одлучија да се разделат по само осум месеци поминати во брак, иако двојката беше речиси 10 години заедно.

Не помина ни ден од веста за крај на врската на Лијам и Мајли, кога се појави нова вест – Мајли и Кеитлин се вљубени и уживаат во летувањето на италијанското езеро Лаго ди Комо. Во меѓувреме, и блогерката ја раскинала врската со американската позната телевизиска личност, Броди Џенер, со кого била во брак од минатата година.

Според италијанскиет весници, Мајли е на одмор во Италија во друштво на Кеитлин и нејзината сестра Бренди Сајрус (32). Лијам пак, годишниот одмор го минува во родната Австралија, на сурфање со братот Крис.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...