Мајли Сајрус се омажи во венчаница од Вивиен Вествуд

Мајли Сајрус се омажи со нејзиното долгогодишно момче Лиам Хемсфорт. Свадбата се случила пред католичкиот Божиќ во интимна атмосфера и со мал број на поканети гости.

Според Инстаграм постот на Сајрус, парот се венчал на 23-ти декември. А според и другите споделени фотографии од страна на двајцата, Мајли носела минималистичка венчаница. Фановите секако се прашуваат кој е дизајнерот на венчаницата на пејачката.

Венчаницата со „спуштени раменици“ и креирана во ретро стил е креација на Вивиен Вествуд. Според списанието „Пипл“, Вествуд потврдила дека свилената венчаница која ја носеле Сајрус на свадбата е нејзино дело.

Илјадници пораки од фановите на славниот пар, меѓу кои и честитки за изборот на венчаница, може да се прочитаат на Инстаграм постовите на Сајрус. Според некои, оваа венчаница е најдобра во 2018, и покрај тоа што годинава беше во знакот на дури две кралски свадби.

x

Check Also

Изглед на денот: Синиот миди фустан на Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ присуствуваше на нејзиниот прв пост-карантински настан LIVE за одбележување ...