Макарони со пилешко во доматен сос

Брзо и популарно италијанско јадење кое ги задоволува вкусовите и на најпребирливите.

Потребни намирници – 200 грама макарони, 450 грама пилешко бело месо, 1 зелена пиперка, 1 црвена пиперка, 600 мл пасирани домати, 60 грама крем сирење, 150 грама моцарела, 70 грама пармезан, 2 лаѓици маслиново масло.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени, во меѓувреме сварете ги макароните. Пропржете го пилешкото исечкано на ситни коцки, по две минути додадете ги исечканите пиперки и доматите. Гответе ги 10-на минути додека пиперките омекнат, а пилешкото да добие златна боја. Додадете ја моцарелата и мешајте една минута.

Исцедете ги тестенините и на крајот додадете ги во сосот со пилешкото, ставете пола од смесата во сад за печење, потоа изрибајте врз неа од пармезанот и вр него ставете го остатокот ос смесата. Печете 20 минути.

Пред да послужите наросите врз јадењето малку лук, магдонос и босилек.

 

x

Check Also

Слатко-солено пилешко со брокула

Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. ...