Нина Ангеловска

Македонците купуваат онлајн повеќе од странски отколку од домашни онлајн продавници

Македонците потрошиле 63 милиони евра за онлајн купувањa од јануари до септември 2016 година. Раст на вредноста на остварени трансакции преку персонален комјутер, но само 19,3% од 72% интернет корисници нарачале/купиле стоки или услуги на интернет во 2015 година

„Пазарот на е-трговијата во Република Македонија бележи континуиран подем и раст особено од 2011 година. Значаен удел во развојот на е-трговијата имаа сајтовите за групно купување, а особено Grouper кој започна со работа во Јануари 2011 година. Grouper даде поттик за граѓаните да го направат своето прво купување онлајн преку атрактивните понуди со големи попусти и придонесе кон едукација за онлајн купување на корисниците од една страна и вклучување на голем број компании во е-трговијата, од друга страна. Денес Grouper брои веќе над 130.000 корисници, а корисниците го користат и како водич за откривање на нови места, организирање патувања или едноставно наоѓање на посакуваниот производ“, објаснува Нина Ангеловска, извршен директор и ко-основач на првиот македонски веб сајт за групни попусти, Grouper.mk.

nina_angelovska_office

„Растот на е-трговијата во Република Македонија до скоро го следевме преку остварените трансакции преку персонален комјутер кои ги објавува Народната банка. Најголема стапка на годишен раст во остварената вредност на трансакциите преку персонален компјутер се забележува во 2014 година споредено со 2013 година односно над 350%, што сметам дека не е реален пораст на пазарот на онлајн купување односно во голема мера се должи на лансираните кампањи за стимулирање на онлајн плаќање на сметки за телефон, вода, струја и др. Во 2015 година, споредено со 2014 година забележан е пораст од 61% во остварената вредност на трансакции преку персонален комјутер“, додава Ангеловска.

 

x

Check Also

Кендал Џенер е ѕвезда во кампањата Giambattista Valli x H&M

Лансирана е кампањата Giambattista Valli x H&M, а долго очекуваната колекција ќе ...