Македонската компанија ГРЕЕМАК ГРУП, го отвори најголемиот продажен салон на ГРЕЕ во Европа

Во свечена атмосфера, ГРЕЕ – брендот број 1 во светот за производство на клима уреди, во Македонија доби ГРЕЕСТОР број 1 во Европа.

Компанијата ГРЕЕМАК ГРУП, во свечена атмосфера и во присуство на бројни гости,  високи претставници  од Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија, гости од деловната сфера од земјата и странство, претставници на медиуми и јавни личности, отвори ексклузивен продажен салон со извонредно богата понуда на софистицирани технолошки уреди со знакот на ГРЕЕ.

“Горд сум на ГРЕЕМАК ГРУП – нашиот тим во Македонија, кој овие пет години со високо ниво на професионализам, успешно не поврзува со македонските корисници. Посебно сум горд на овој продажен салон кој е не само најголемиот во Европа, туку и единствениот кој има исклучително софистициран приод во уредувањето. Нашите соработници во Македонија, не уверија во високите критериуми  на македонските корисници, верувам  дека познавачите на ГРЕЕ технологијата, но и целата македонска јавност ќе се задоволни од  овој ексклузивен објект. “ – Изјави Џет Лианг – високо позициониран во компанијата како регионален менаџер на ГРЕЕ, кој допатува од дирекцијата на ГРЕЕ што се наоѓа во Ѕухаи  – Народна Република Кина.

Тимот на брендот број 1 во светот по производство на клима уреди, верува дека иновацијата ја креира иднината и со силна инспирација работи на создавање иновативни проекти, за подобар и поздрав живот на луѓето. Денес, еден од три продадени клима уреди во светот е со знакот на ГРЕЕ. Посветеноста на корпорацијата на чие чело е исклучителна жена – ДОНГ МИНЅУ, е со фокус  на иновациите како срце на технолошките решенија на ГРЕЕ, од каде што крвотокот ги храни сите производствени процеси, се до крајниот резултат – високо квалитетни производи што се темелат на истражувачка работа. Импозантна се бројките: 530 лаборатории за контрола; 7000 инженери; 5 институти за истражување; над 300.000.000 задоволни корисници ширум светот.

Со брендот ГРЕЕ, Македонија доби избор на поинакви решенија за домот и деловните простории.   Салонот  располага со површина од над 300 метри2, во кои се сместени резиденцијални и комерцијални клима, топлински пумпи, прочистувачи за воздух, домашни уреди, фрижидери, машини за перење, прочистувачи за вода, и други софистицирани технолошки решенија во служба на квалитетот и комфорот на живеење.

Во рамки на солонот е сметен современо простор за домување, комплетно уреден и  опремен со функционални технолошки  софистицирани уреди на ГРЕЕ. Вавиот концепт на уредување,како единствен во светот на ГРЕЕ го издвојуваат овој ГРЕЕСТОР од се до сега видено,  по што Македонија ќе се истакне на мапата  на ГРЕЕ кој е присутен во 160 земји.

Домаќини на вчерачниот настан беа сопствениците на ГРЕЕМАК ГРУП  Горан Вуковојац, Благоја Анчевски и Благоја Парапунов, како и менаџерката Даниела Николовска.  Гостите на отворањето беа пријатно изненадени и од иновативниот пристап во самата организација на настанот во чие сценарио беше и актерската игра на Драгана Левенска и Филип Миленковски од Македонски народен театар, кои ни доловија кои уреди од гамата на ГРЕЕ треба да ги  содржи еден модерно уреден семеен дом наменет за квалитетен и комфорен живот.

Бренодт ГРЕЕ е високо инспиративен, а понудатата на уреди може да одговори и на најпробирливите. Во тоа може да се уверат и сите кои ќе го посетат новоотворениот ексклузивен салон на улица Венјамин Мачуковски, број 6, во Општина Аеродром

 

x

Check Also

Топ 5 трендовски есенски фустани со „анимал“ принт од STRADIVARIUS

Веќе е јасно, дури и за оние кои не ги следат модните ...