Македонската убавица Емилија Розман на Мис модел на светот

На годинешното издание на Мис модел на светот (Miss мodel of the world), еден од најпознатите светски избори за убавина, ќе учествува нашата манекенка Емилија Розман.

emilija 3

Настанот ќе се одржува во Шенџен, Кина, од 2-ри до 25-ти ноември.

„Според програмата, прво ќе пристигнам во Хонг Конг, па оттаму ќе одиме во Шенџен. Програмата предвидува и посета на други градови во Кина каде ќе се претставуваме. Голема чест и задоволство ми е што сум избрана да учествувам на овој избор и се надевам дека ќе ја претставам Македонија во најдобро светло. За да се претставам достојно и да блеснам на сцената ќе се погрижат уникатната Мила Кадриу и студио Нана. На овој избор до сега учествувале докажани македонски имиња од модниот свет, како Натали Грубовиќ, Маја Сашек, Софија Пеливанова и други“, ни рече Емилија Розман.

emilija 2

Лицензата за овој избор ја поседува националниот директор Роберт Граматиков.

Инаку, изборот за првпат е одржан во Турција во 1988 година, а ова ќе биде 10 пат како се одржува во Кина.

На Мис модел на светот ќе се претстават убавици од 70 држави.

 

 

x

Check Also

Мисицата Елена Анѓеловска утре ќе се бори за круната на Мис Глоуб во Торонто

Утревечер во Торонто ќе се одржи финалето на Мис Глоуб. Македонска претставничка ...