Македонски бренд Schuster го отвори својот прв продажен салон на рачно изработени чевли

Познатиот традиционален 133-годишен македонски бренд Schuster, вчеравечер, го отвори својот прв продажен салон на рачно изработени чевли во Скопје. На свеченото отворање на продажниот салон на овој шестгенерациски традиционален бренд за чевли присуствуваа многу гости.

Чевлите на Schuster, досега, се продавани низ ланецот на коминтенти и преку првата интернационална онлајн продавница за чевли од Македонија (Schuster-store.com).

По повод отворањето на новиот дуќан, Schuster организира и петдневно наградно патување во Истанбул за две лица и 5 ваучери од 2000 денари на секој купувач со фискална сметка до извлекувањето на 22.05.2018 година. Со секоја фискална сметка се добива купон кој купувачот го пополнува со свои податоци.

Приказата за Schuster

Ѓорѓи Георгиевски ја почнал својата успешна македонска приказна во далечната 1885 година, со скромните почетоци на чевларскиот занает во Македонија. Тој бил инспирација за своите синови да ја продолжат семејната традиција на градење бренд кој ќе стане синоним за обувки во земјава. Неговиот син , како претставник на втората генерација, околу 1896 година ја отвора својата продавница за обувки во Куманово. Дваесетина години подоцна, во производството на обувки се почнува со употреба на првите машини за да се оптимизира процесот на изработка. Третата генерација ја претставува Славко Георгиевски, кој во 1947 година станува главен мајстор и ја продолжува семејната традиција. Бранко, син на Славко, како претставник на четвртата генерација го модернизира процесот на производство и создава врвни модели на чевли во тогашната Југославија. Тие се основачи на кумановскиот познат бренд за чевли „ЧИК“ Куманово во 1965 година. Бранко работел како моделар на чевли, а потоа станува и главен технички директор на компанијата. Во 1978 година е награден со “Златна чевла” за извонредна елеганција и квалитет на саемот за чевли во Загреб. Во 1990 година, пред осамостојување, Бранко ја отвора својата мала работилница, која денес е позната како Schuster (Шустер). Него го наследува синот Зоран, како претставник на петтата генерација од семејството Георгиевски. Денес, Бојан Чунгурски е претставник на шестата генерација производители на чевли од најквалитетна кожа. Во моментов, Schuster работи со најсовремена опрема и има вработени кои произведуваат чевли од најквалитетен материјал, особено од кожа.

x

Check Also

Голема распродажба со попусти до 80 отсто во Веро центар

Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто ќе почне задутре (среда, ...