Македонски манекенки на ревија во Фиренца

И годинава неколку манекенки од Македонија учествуваа на големата модна ревија која ја организира Академија Италијана од Фиренца.

revija 567

„Традиционално веќе 10 години сме дел од оваа голема модна ревија која секој април Академија Италијана ја одржува во Фиренца и на која свои модели презентираат студентите кои ги завршуваат студиите на ова познато училиште за мода и дизајн. Не се работи за обична модна ревија туку за вистински моден перформанс на кој за два два часа треба да се претстават над 250 модели, а за тоа да изгледа како што треба секогаш е задолжен еден од најдобрите светски модни кореографи, Кевин Оукс. Ревијата се одржа во преполниот Обихол театар во Фиренца, пред над 3.000 луѓе во публиката, а како гости во првиот ред имаше и многу познати лица од светската модна сцена. Овојпат, најпознат меѓу нив беше модниот креатор Ренато Балестра. Поминавме прекрасни седум дена во Италија и ова е навистина големо искуство како за нашите манекенки така и за нас, уште еднаш да бидеме учесници, но и да видиме како се организира еден таков голем моден настан“, вели Мики Црнокрак, кој со екипата на манекенки од Модното студио Црнокрак престојуваше во Италија.

revija 888

Според Црнокрак, директорите од Академијата биле презадоволни од македонските манекенки и најавиле дека традицијата ќе продолжи и дека и следната година манекенки од Македонија ќе учествуваат на оваа ревија.

revija 234

revija 123

x

Check Also

BOSS со прекрасна уметничка кампања за колекцијата есен/зима 2019

BOSS ја претстави рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2019, снимена во њујоршката ...